
Денес во училишниот двор на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип се одржа финален одбојкарски натпревар меѓу СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Славчо Стојменски“, а во рамки на манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“, наменета за учениците од средните училишта. Ова е проект на Општината во соработка со Сојузот на училиштен спорт, со што Штип уште еднаш го потврдува приматот како град на спортот.
Манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“ се организира за првпат, а претседателот на Сојузот на училиштен спорт, Зоран Арсов се надева дека истата ќе прерасне во традиција, а за следната година целта е да се воведат и некои нови спортови, а ќе бидат опфатени и основните училишта.
Покрај денешниот одбојкарски натпревар во женска конкунреција, веќе во среда ќе се одигра и финалниот натпревар во футсал машка конкуренција.
На финалниот натпревар во футсалот ќе се соочат екипите на СОУ „Славчо Стојменски“ и СОУ „Коле Нехтенин“.
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека нивната цел е промовирање на спортот и здравиот начин на живот.
Јорданов вели дека надева дека од година во година ќе се обновува спортската инфраструктура со цел да се мотивираат младите да спортуваат.
Следната година на оваа манифестација ќе биде да се вклучат и основните училишта, а дополнително да се додадат и други спортови.
Александар Ванев, М-Нет