
Екипата на Каменица Саса имаше повеќе од тешка сезона, но на крајот со среќен крај, откако „рударите“ се изборија за директен опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
Во вчерашниот меч од последното 30. коло во Втората лига, Саса со 5:3 славеше над Вардар од Неготино, меч кој можевте да го следите на телевизија М Нет.
Фудбалерите на Саса заедно со публиката и верната навивачка група „Багери“ го прославија опстанокот во второлигашкото друштво.
Капитенот Дарко Алексов, најдобриот стрелец кај „рударите“ Сашо Дуков, младиот Александар Смилков, голманот Иван Николоски и стандардниот одбранбен фудбалер Бурим Алиев пред камерите на телевизија М Нет ја искоментираат оваа тешка сезона за нив, зборуваа за атмосферата во соблекувалната, за падовите и подемите за есенската и пролетната полусезона.
Капитенот Алексов вели дека управата презентирале одличен проект, а целта била да се опстане во Втората лига. Дуков е најдобар стрелец за Саса со десет постигнати погодоци.
Саса и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига, откако сезоната ја заврши на 13. место со 29 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет