
Паркирани автомобили по тротоари, коловози, на места кои не се за таа намена е се почеста слика во Штип. Како во централното градско подрачје, така и во сите населени места, автомобилите се непрописно паркирани, а тоа преставува проблем за пешаците, учесници во сообраќајот. Од пол.ицијата за ваквата ситуација велат дека до 15 февруари ќе се пишуваат опомени, а потоа ќе се казнува.
„СВР Штип апелира до граѓаните односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено. До 15.02.2025 полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на севкупната безбедност во сообраќајот.“ – стои во соопштението од СВР Штип.
За непрописно паркирање на автомобилите реагираат и од ЈП Стипион. Апелот и од таму останува ист учесниицте во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се паркира на места кои не се за таа намена.
Лаура Стојанова М-Нет