
На 14.11.2021 на место викано „Св.Петка“ атар на Пехчево, од страна на полициски службеници од ОВР Берово во содејство со Ловeчко друштво „Хантер про 2020“ бил затекнат Е.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско, кој носел ловечка пушка „ИЖ – 27“ калибар 12 мм и 7 ловни патрони за кои не поседувал дозвола. Пушката и патроните биле одземени и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.