Штипјани согласни мерките за младите да се заострат за да се спречи ширењето на Ковид – 19

Од денеска за влез во објекти и на настани важат нови правила. Имено, ако до сега се бараше сертфикат за примена барем една доза вакцина, од денеска веќе е на сила одлуката за серификат со примени две дози вакцини или прележан ковид 19 во последните 45 дена. Ова изутринава на својот фејсбук профил го истакна и Министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до сите граѓаните кои не се вакцинирале да го сторат тоа.

„Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот. “ – напиша Филипче.

Екипата на М-Нет беше на терен. Од анкетираните штипјани речиси сите со став дека мерките треба и дополнително да се заострат за малдите, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

„Повеќе за младите треба да се заострат, дружат се во големи групи во затворени простори, а ние постарите повеќе водеме внимание“

„Подобро е со вакцина да влегуваат отколку без вакцина, така ќе не заштите јас сум вакциниран со трета доза“

До сега според последните информации од Министерството за здравство Вкупно се аплицирани 1.652.785 дози вакцини, а ревакцинирани се 784.833 граѓани, трета доза вкупно примиле 54.170 граѓани. 47% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини. Вакцинацијата се одвива не пречено на сите пунктови во државата, а вакцинирањето се одвива без закажан термин.

Лаура Стојанова М-Нет