Одлуката на инспекторатот контрадикторна за штипските советници, се уште неизвесно како ќе се постапи

Штипските советници контрадикторни во врска со одлуката донесена од страна на Државниот инспекторат за Локална самоуправа. Откако во петокот попладнето стигна одлуката за утврдени неправилности во потпишувањето на свечената изјава, претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Карагунова Кожинкова истакна дека до неа се уште нема ништо официјално доставено, додавајќи дека понатаму ќе се искористат сите правни лекови.

„Јас како претседател на Совет на Општина Штип до денес немам добиено никаков официјален документ. Утрово од службите рабрав дека во диспозитивнот на решението за опомена сум споемната, меѓутоа официјален докумен со кој јас би требало да бидам известена се уште немам добиено. Во таа насока сакам да кажам дека ние како Совет на Општина Штип ќе ги испочитуваме барањата од решението за опомена во законски предвидениот рок и воедно ќе ги искористиме сите правни лекови“ – кажа Кожинкова.

Според Иванов пак во решението не пишувало дека неправилностите треба да се отстранат, туку дека само истите постојат.

За советниците од СДСМ непочитувањето на одлуките од Државниот инспекторат за Локална самоуправа значи кршење на сите Законски, Уставни и правни норми. Според нив треба да се потпишат нови свечени изјави со Уставното име на државата односно со придавката Северна.

„Сметам дека мнозинството во Советот во Општина Штип и понатаму ги крши сите законски, уставни и правни норми со оглед дека во решението стриктно е наведено дека е потребно да се потпишат нови изјави во кои се состои Уставното име Република Северна Македонија и дека претходните се ништовни и исто така сите акти кои се донесени од страна на Советот од моментот на верификација и се понатаму се ништовни“ – додаде Рогожарска.

Првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека останува на ист став како и советникот Душко Иванов и дека ќе се преземат сите правни лекови во врска со одлуката на Државниот инспекторат за Локална Самоуправа.

Лаура Стојанова М-Нет