Фасада Чајник и Фенербахче во големото финале на Црнилиште Куп

Фасада Чајник и Фенербахче се пласираа во големото финале на Црнилиште Куп каде ќе се борат за освојување на овој турнир, кој важи за најдобро организиран и најмногу посетуван во Македонија.

Вечерва од 21 часот започнува финалната битка во која публиката која се очекува да надмине и над 1.000 посетите да ужива во фудбалската мајсторија на двете екипи, во неверојатната возбуда и неизвесноста до последниот судиски свиреж.

Фасада Чајник ќе го предизвикува Фенербахче во финалниот меч за освојување на пехарот за прво место.

Вчера во полуфиналето Фасада Чајник со 4:2 славеше над Хана Декор, а пак Фенербахче со 1:2 ја доби екипата на Ва-Ен Травел.

Вечерва на програмата од 20 часот е натпреварот за трето место помеѓу Ва-Ен Травел и Хана Декор, а пак во 21 часот е големото финале помеѓу Фасада Чајник и Фенербахче.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.