„Петровден 2023 Мешеишта: Кафе Бар 9 со „петарда“ за Св. Троица 2021, Враништа и Др. Баткоски до нови победи

Синоќа беа одиграни три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Во првиот натпревар публиката уживаше со петте погодоци на Кафе Бар 9, екипа која со 5:0 ја декласираше Св. Троица 2021. Во вториот меч Хотел Амбасадор загуби од Враништа со 2:4, а пак во третиот натпревар кој започна во 22:30 часот многубројната публика која ги исполни сите места на теренот проследи дерби соочување каде Др. Баткоски со 2:0 ја доби екипата на Гостилница кај Мече.

Вечерва на програмата се нови три натпревари од групната фаза. Од 20:30 часот ФК Слатино игра против БЗ Груп Ложани, од 21:30 часот Волино ќе се соочи со Брумел, а во последниот меч од 22:30 часот екипата на Подгорка ќе игра со Вабко Сервис Џуте.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Мешеишта.