
Сигурноста и безбедноста на магистралните патишта на сите учесници во сообракајот се приоритетен сегмент и за оние кои ги проектираат и оние кои ги изведуваат градежните активности но и за оние кои се трудат истите да ги одржуваат во нормално функционирање. Тоа впрочем е нивна професионална должност и обврска. Но колку велелепните тазе изградени патишта се сигурни , безбедни . Во редакцијата на М нет пристигнаа неколку забелешки на оваа тема. Имено сите оние кои редовно патуваат по магистралниот пат Штип-Скопје кај Миладиновци на место на кое е пропишано ограничување на брзината до130 км на час , предпазливо и внимателно ја регулират брзината со цел превентивно да избегнат евентуална сообракајна несреќа поради присутните одрони на патот. Присутноста на одрони на патот е постојана и при намали врнежи на дожд се појавуваат свлечишта. Екипите на македонија пат го расчистуваат теренот но лизгањето на земјиштето е присутно и опасно. До Македонија пат постојано пристигнуваат поплаки за одрони и свлечишта и избегнување на сообракајни незгоди од страна на возачите. Капиталната сообракајна инфраструктура се сочува со големи недоследности во овој сегмент. Иако на свлечиштата се засадени млади багремови стебла чии корени ќе овозможат спречување на ерозија и одрони на земја ,останува нејасно зошто до нивниот период на вегетација и можност за застита на сообракајницата по две три години не се поставени заститни мрежи. Дали проблемот со одроните на фрекфентната сообракајница ке остане актуелен се до појавата на бујна багремова вегетација? Најавите за евентуални врнежи на дожд во текот на ноќта и утрешниот ден се нормална есенска појава. Дождот е секогаш добредојден и пожелен доколку не представува закана за безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот. Но појавата на свлечишта при најмали врнежи на дожд останува проблем кој ги засега сите учесници во интензивниот сообракај каде се практикуваат поголеми брзини.
Маре Стоилова М Нет
Игор Зиврев М Нет