
Во последното есенско коло на ракометната Суперлига фаворитите одиграа според планот и победничките го заокружија есенскиот дел.
Вардар со убедливи 43:22 го декласираше Бутел и го „замрзна“ на 21 гол разлика, а пак Алкалоид без проблеми како на тренинг во Автокоманда го совлада Тикеш со 35:26.
Убедлива победа однесе Охрид во „езерското дерби“ со Струга со резултат од 42:25, а пак шампионот Еурофарм Пелистер со 23:37 беше пресилен за Пролет.
На важна и голема победа се радуваше Куманово кој со 32:25 го доби Бисинов, а пак Радовиш како формален домаќин беше декласиран од Прилеп со 22:37 и со тоа ја заврши есенската полусезона без триумф.
Алкалоид е на врвот со 30 бодови, Еурофарм Пелистер и Вардар го делат второто место со по 28 бодови, а пак Охрид е на 4. место со 25 бодови.
Неизвесно ќе биде за место во плеј-офот, Бутел е петти со 16 бодови, а толку има и Тиквеш кој е шестти, Пролет е седми со 15 бодови, а Прилеп е осми со 14 бодови, две од овие екипи ќе останат без плеј-оф.
Куманово е деветти со 8 бодови, потоа следуваат Бисинов и Струга со по 6 бодови, а на дното е Радовиш со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет