Македонија 2024 година ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата

ФОТО: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија 2024 година ќе ја заврши на 67 место на најновата ФИФА ранг-листата

Нема промени во однос на претходната ранг-листа која беше објавена, а со тоа Македонија останува на 67. место на листата, односно како што беше рангирана во месец ноември.

Македонија е на 67. место на табелата, а пред нас е Албанија која е 65. место на ранг-листата. Најдобро рангирана репрезентација од Балканот е Хрватска, која е се наоѓа на 13. место, Србија е на 32. место, Словенија останува на 55. место.

Полошо рангирани од Македонија се репрезентациите на Црна Гора која е на 73. место, а на 74. место е Босна и Херцеговина, а пак на 82. место е Бугарија. Репрезентацијата на Косово е на 99. место.

Во првите десет нема промени. На врвот е Аргенција, на второто место е Франција, потоа следува Шпанија, на 4. место е Англија, а пак на 5. место е Бразил. На шесттото место е Португалија, на седмото место е Холандија, а пак на осмото место е Беглија, на деветтото место е Италија, а на десеттото место е Германија.

Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026 ќе игра во група со Белгија која се наоѓа на осмото место, Казахстан која е на 110. место, Велс кој е на 29. место, a пак Лихтенштајн е на 204. место. Тоа значи дека Белгија и Велс се подобро рангирани од Македонија.

Александар Ванев, М-Нет