
Кратовскиот прволигаш Силекс и Усман Маронг ја продолжија соработката до крајот на 2025 година. 25-годишниот играч за врска има одлична сезона, а во дресот на Силекс одигра 34 натпревари, на кој постигна два гола и запиша десет асистенции.
Силекс е есенски шампион во Првата лига и освен излез во Европа сака и титула.
Како што веќе информираше М Нет телевизија во Слога Виница беше промовирано големото засилување Иван Настевски, кој доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица. Искусниот Настевски кој има прволигашко, но и меѓународно искуство ќе биде капитално засилување и значително ќе го подигне квалитетот во тимот за пролелениот дел од Трета лига – Исток, пред се за баражот за Втора лига.
Според информациите на М Нет телевизија во следниот период во Виница ќе биде промовирани уште неколку квалитетни засилувања, па тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев ќе има голем квалитет.
Прилепска Победа за пролетниот дел ќе стави акцент на засилувања во втората линија односно во средниот ред, со што прилепчани во вториот дел од сезоната ќе сакаат рано обезбедување на опстанокот, со цел да не се повтори минатата сезона кога преку бараж го изборија опстанокот.
Во следниот период се очекуваат и првите засилувања во тимот на Победа.
Во второлигашот Вардарски се очекува конечно да дувнат позитивни ветрови и клубот да формира тим кој во пролетниот дел ќе води борба за опстанок, победата во последното есенското коло над Осогово беше клучна, а тие три бодови се повеќе од важни со што Вардарски значително ги зголеми шансите освен за бараж, туку и за директен опстанок.
Александар Ванев, М-Нет