Фаворитите според планот, Саса со убедлива победа во Кочани, Детонит Плачковица го доби Башкими

ФОТО: М Нет телевизија

Дел од натпреварите од 14. коло на Втората лига овој викенд се одиграа на терените полни со вода, но и во такви услови се одиграа сите натпревари, за разлика од Трета лига каде се одигра само еден натпревари, а останатите беа одложени.

Во Радовиш екипата на Детонит Плачковица дојде до триумф од Башкими од 3:1 со што радовишани ја продолжуваат победничката серија на резултати и одново се наметнуваат за горниот дел од табелата.

Башкими прв поведе, а домашниот тим преку пресврт дојде до 2:1 на полувреме. Во финишот на мечо со гол од белата точка радовишани ги поставија конечните 3:1. Од аспект на фудбалската игра Детонит Плачковица беше поопасен од прекини, а овој меч кој се пренесуваше на М Нет Спорт можевте да видите во какви услови се играше, каде што било фудбалско тешко се спроведуваше.

На М Нет телевизија можевте да го следите натпреварот меѓу Осогово и Камеинца Саса каде „рударите“ со 1:3 запишаа ноа победа и со тоа во моментот се во најдобра форма од последните пет натпревари односно тимот од Македнска Каменица има пет победи во низа.

Ваквиот резултат не му оди во прилог на Осогово кој ќе води одново тешка борба за опстанок.

Борец продолжува да нижи порази откако во Велес на домашен терен беше поразен од Беласица со минимални 0:1, Брегалница на Градскиот стадион во Штип го доби Охрид со резултат од 2:0 со што продолжува по патот за враќање во Прва лига заедно со лидерот Македонија ЃП откако славеше со минимални 1:0 над Арсими.

Скопје со резултат од 2:0 славеше над екипата на Новаци на домашен терен, каде и овде беа лоши условите за фудбалска игра, а пак Кожуф се врати на победничките патеки откако минимално со 1:0 ја доби Победа.

Вардар Неготино на домашен терен со убедливи 6:1 го декласираше „фенерџијата“ Вардар од Богданци.

Во однос на табелата Македонија ЃП е на врвот со 35 бодови, а пак Брегалница која е втора има 33 бодови. Башкими е трет во бараж зоната за Прва лига со 29 бодови, Арсими е на 4. место со 26 бодови, а пак Каменица Саса и Детонит Плачковица го делат петтото емсто со по 24 бодови.

Кожуф е седми со 21 бод колку што има и Охрид кој е место подолу, Скопје е деветти со 19 бодови, колку што има и Беласица. На 11-тото место е Новаци со 7 бодови, Вардар Неготино е место подолу со 14 бодови, а пак Победа е 13-та со 13 бодови.

Осогово е во бараж зоната за опстанок со осум бодови, Борец е претполседен во зоната за директно испаѓање во Трета лига со 5 бодови, а Вардарски е на дното со два бодови.

Александар Ванев, М-Нет