
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги извести клубовите од Прва лигата и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.
„Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика. Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари“, се вели во соопштението на ФФМ.
Тоа ќе значи дека сепак последните две есенски кола ќе се одиграат, иако некои екипи бараа истите да се одложат за пролетниот дел, а дополнително истите ќе се одиграат пред празни трибини.
Александар Ванев, М-Нет