Само еден третолигашки натпревар се одигра овој викенд, сите останати беа одложени!

ФОТО: М Нет телевизија

Овој викенд се одигра само еден третолигашки натпревари, сите останати поради обилните врнежи од дожд беа одложени за следниот викенд, бидејќи немаше услови за игра.

Тетекс со минимални 1:0 ја доби Речица во меч кој се одигра во саботата, а оние натпревари од Трета лига – Запад од 13. коло кои требаше да се играат во неделата беа одложени.

Во комплет се одложија натпреварите и во Трета лига – Север и во Трета лига – Југ.

Обилните врнежи од дожд речиси на секаде предизвикаа проблем со фудбалските терени, преголемата количина на вода на самите терени не дозволуваше можност за фудбалска игра, а онаму каде што се играше во рамки на Втората лига беше многу тешко било што фудбалски да се спроведе.

Александар Ванев, М-Нет