
13 објекти кои се наоѓаат на трасата на булеварот Партизанска ќе бидат дислоцирани, а семејствата кои живеат таму ќе добијат соодветно место за живеење. Со изградбата на типските куќи во населбата Света Недела, се овозможува жителите од старото нервно да бидат дислоцирани, а со тоа да продолжи и реализацијата на булеварот Партизанска.
„Имајќи во предвид дека проектот предвидува да се поврзе булеварот со булеварот во населбата Осми Номеври. Одредени објекти кои се наоѓаат на самата траса ќе треба да бидат дислоцирани, а со самото тоа и неколку фамилии кои времено се сместени на оваа локација ќе бидат преместени.“ – вели Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов посочи дека решавањето на овој проблем со дислокација на семејствата нема етичка поврзаност. Во соработка со надлежните институции се се работи за да може да продолжи изградбата на булеварот Партизанска, но и жителите да добијат соодветен кров над глава.
„Сакам да истакнам дека решавањето на овој проблем нема етничка поврзаност оти ги засега сите граѓани. И не би сакал реализацијата на булеварот Партизанска да биде доведена во прашање заради група луѓе на која етничка заедница припаѓаат“ – додава Јорданов.
Изградбата на типските куќи во населбата Света Недела е завршена 80%. Во наредниот период треба да се пристапи и кон вселување на типските објекти.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет