Обележување на пешачки премини и сообраќајници, поставување на видео надзор со цел безбеден град

Соодветно обележување на сите пешачки премини и сообраќајници, поставување на видео камери во согласност со проектот безбеден град се дел од активностите кои ќе ги преземе Општина Штип во наредниот период со цел поголема безбедност во сообраќајот. Денеска се одржа состаок за превенција во општината, на кој присуствуваа сите засегнати институции. Целта е да се зголеми безбедноста, како во сообраќајот така и во основните и средни училишта.

„Општина Штип во соработка со останатите институции ќе изработи план за безбедност во сообраќајот. Во периодот кој следи ќе бидат соодветно обележани сите пешачки премини и сообраќајници., заштита на тротоарски површини., Исто така поставување на безбедносни камери и спроведување на проектот безбеден град. Ова е со цел да го превенираме се она што како девијантна појава се случуваше во изминатиот период“ – вели Јорданов.

Инаку, изминатиот период девијантите појави во сообраќајот беа загрижувачки. Паркирањето по тротоари и коловози, непочитување на сообраќајните правила и прописи, како и неприлагодената брзина на возење беа се почеста слика. Токму затоа општината заеднички со надлежните институции преземаат мерки и активности за поголема безбедност.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет