
Тиквеш за првпат ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, откако кавадаречкиот прволигаш го освои Купот на Македонија.
Екипата на Ѓорги Мојсов веќе работи на ростерот за новата сезона и за историскиот европски настап. Уште еден штипјанец ќе го носи дресот на Тиквеш во следната сезона, откако Мартин Стојанов стави потпис на договор со освојувачот на Купот на Македонија.
Тиквеш добива екстра засилување во името на 25-годишниот Стојанов, а напаѓот во Кавадарци доаѓа од редовите на бугарскиот Септември Софија.
Штипјанецот успеа да се наметна во Кит Го од Пехчево, а потоа во штипска Брегалница беше клучен играч, по што направи меѓународен трансфер во Бугарија.
Претходно и штипјанецот Михаил Маневски замина во редовите на Тиквеш, а од Брегалница во Тиквеш пристигна и Ѓорѓи Ѓоргиев.
Александар Ванев, М-Нет