Пелистер промовираше неколку засилувања, Металург Автокоманда продолжува соработки и носи нови засилувања!

Ракометните клубови Пелистер и Метарлуг Автокоманда активни на трансфер пазарот со што го креираат ростерот за новата сезона во женската Суперлига.

Прво засилување во битолскиот тим е младинската репрезентативка Ема Кирова, која во Битола пристигна од редовите на шампион Ѓорче Петров. Младата голманка во изминатата сезона имаше одлични настапи, а нејзиноте доаѓање во Пелистер ќе треба да значи и поголема минутажа и шанса за развој на нејзината кариера во нагорна линија.

Пкрај Кирова во Пелистер доаѓа и Јована Конева, која пристигнува од редовите на Овче Поле од Свети Николе. Станува збор за ракометарка која може да игра на сите бековски позиции, па тоа значи дека Пелистер добива ракометарка со можност за повеќе опции во самата игра.

Тука нема да застане Пелистер, најавени се уште неколку засилувања, а поголем дел од ракометарките веќе ги продолжија договорите и остануваат верни на Пелистер. Конева во сезоната која заврши имаше постигнато 170 постигнати погодоци.

Металург Автокоманда за новата сезона гради конкурентен тим, а за таа цел е продолжена соработката со уште две ракометарки. Станува збор за средниот бек Исидора Котевска и десното крило Марија Гугуљанова, со што двете ракометарки и во следната сезона ќе го носат дресот на тимот од Автокоманда.

Металург го освои третото место во женската Суперлига и со тоа обезбеди излез во ракометна Европа, а за таа цел ја продолжи соработката и со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ и левото крило Сара Миновска, а се засили со сестрите Бојана и Борјана Коцеви, Ивана Димоска, Стефани Ристиќ, Софи Ѓошевска и Анастасија Величковска.

Александар Ванев, М-Нет