Ученик од штипската Гимназија се заканувал преку социјалните мрежи, алармот вклучен и во Штип

Ученик од четврта година во штипската гимназија на социјалните мрежи објавил статус дека на училиште ќе дојде со пушка. Ваквата ситуација во Штип, за првпат по случувањата во соседна Србија, на нозе ги крена надлежните во Штип. Засилено полициско обезбедување пред гимназијата Славчо Стојменски, разговор со родителите на ученикот и со службите во училиштето. Директорот Маријан Арсов вели дека ситуацијата е ставена под контрола и дека нема простор за паника. Додава дека најверојатно станувало збор за невкусна шега од страна на ученикот, ама преземени се сите мерки. Апелираше до родителите да не се плашат и да ги пуштат своите деца на училиште.

„Ние како училиште и јас како директор гио преземаве сите мерки кои беа на располагање. Беа повикани целата служба и родителите на ученикот, се разговарше на таа тема. Ситуацијата ја држеме под контрола и апелираме родители совесно и мирно да ги пуштаат децата на училиште и дека сѐ ќе биде во најдобар ред.“ – вели Арсов.

Аросов посочи дека наставата се одвива без прекини и во двете смени, а учениците се безбедни да доаѓаат на училиште. Освен што истакна дека родителите не треба да се плашат и да ги пуштаат своите деца на училиште, истовремено и да разговараат со нив со цел вакви појави да нема во иднина.

Лаура Стојанова М-Нет