
Поради катастрофалната состојба во која се наоѓа пазарски пат група граѓани иницираа протест со блокада на патот кој ќе започне од понеделник 12 мај и ќе трае секојдневно од 13:45 до 16:15 часот и навечер од 21:45 до 23:15 часот. Истиот уредно е пријавен МВР и ќе биде обезбеден од нивна страна. Најавено е присуство и член од Општина Кочани. Се повикуваат сите директно и индиректно засегнати да го поддржат протестот.