Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство 2026 година

фото: М Нет-ТВ

Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство што ќе се одржи 2026 година во Данска, Норвешка Шведска. Во преполната сала ,, Јане Сандански” беше совладана репрезентацијата на Литванија со резултат 26-17.

Со голема пожртвуваност, тимски дух и срце на теренот, сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија обезбеди ново учество на едно од најпрестижните ракометни натпреварувања – Европското првенство 2026.

Нашите момци уште еднаш докажаа дека припаѓаат на елитата на европскиот ракомет.

Ова е уште едно големо достигнување за македонскиот ракомет.