Утре се играат натпревари од последното коло во Третата фудбалска лига!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре ќе бидат одиграни последните натпревари од четирите третолигашки региони, откако Трета лига – Исток заврши минатиот викенд, утре ќе бидат одиграни натпревари последното коло во останатите третолигашки региони односно Југ, Југозапад, Север и Запад.

Во Треата лига – Југ ќе се играат мечевите од 26. коло, каде Превалец ќе игра со Питу Гули, Дреново ќе игра со шампионот Големо Коњари, Влазними Јуниор против Слога, Ултрас ќе се соочи со Росоман, а пак Бучин со Младост.

Во Трета лига – Југозапад ќе се одиграат натпревари од последното 22. коло, а во истото Кораб ќе игра со Велешта, Евротип со Славеј, Караорман ќе го пречека Кравари, Сатеска со Влазними, а пак Преспа со Света Троица.

На Северот се последните мечеви од 26. коло. Башкими Љуботен ќе биде домаќин на БВК Коњаре, Аеродром против шампионо Шкендија Арачиново, Њу Старс со Куманово, Ржаничино ќе игра со Кадино, Беса Влазрими со Еуромилк, а пак Фортуна со Риниа.

Екипат на Пчиња добива службени бодови од мечот со откажаниот тим на Академија Илинден.

Во Трета лига – Запад се играат натпреварите од последното 26. коло. Влазерими ќе игра со Зајази, Речица ќе биде домаќин на шампионот Тетекс, Камјани против Џепчишти, Ренова на домашен терен ќе игра до Дрита од Боговиње, Љуботен со Доброшти, а пак Напредок ќе го пречека Вардар од Брвеница во Кичево.

Александар Ванев, М-Нет