
Искусниот Фатмир Бафто од Охрид ќе ја дели правдата на дербито на 30. коло во Втора лига меѓу Брегалница и Башкими, дерби за третото место и баражот за Втора лига.
Благојче Ралевски ќе им суди на Вардар Неготино и Арсими, Марјан Стојановски на Македонија ЃП и Беласица. Дејан Младеновски ќе ј дели правдата на мечот меѓу Борец и Охрид, Јордан Јовановски ќе им суди на Детонит Плачковица и Победа во Радовиш.
За правдата во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Новаци ќе биде задолжен Кирил Смоквоски, Алексаднар Василевски ќе им суди на Скопје и Каменица Саса, а пак Сашко Ристов на Осогово и Вардарски.
Натпреварите од последното 30. коло ќе започнат во 17 часот, а дербито од Штип меѓу Брегалница и Башкими ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет