Утре нема да се одржи маршoт за ангелите во Кочани, поради одбележаната годишнина од трагедијата

Утре нема да се одржи маршт за ангелите во Кочани, поради одбележаната годишнина од трагедијата во дискотетката Пулс. Истата се одбележа со тридневна програма на 14,15 и 16 март, а на која присуствуваа голем број граѓани, кои дадоа голема поддршка на родителите на загинатите. Поддршка дадоа и од Влада како премирот Мицкоски, така и претседателката Гордата Силјановска Дафкова. Родителите бараат и понатаму правда и одговорност за трагедијата, која одзеде дури 63 животи, а колку 200 беа повредени. Инаку, пред само два дена беше откриена и спомен бистата на Иле Гоцевски, шоферот на брзата помош во Кочани кој кобната вечер на 16 март 2025 година цела ноќ возеше повредени од пожарот во дискотеката Пулс до Скопје. Се жртвуваше себе си за да спаси што е можно повеќе луѓе, и засекогаш ќе остане запаметен како добра, ведар и посветен човек. Бистата е поставена пред кочанската Општа болница.

Иван Митев, М-Нет