
Блага Петреска, Смиња Митревска, и Кате нели ти реков, настапуваат на утрешната манифестацијата Зелникот на баба во Провиштип. И оваа година се очекува да се испечат под вршник околу 250 зелници по стар рецепт. Интересен дел од оваа манифестација е тоа што ќе има и натпревар во брзо сукање, како и продажба на домашни специјалитети. Собраните средства ќе бидат доделни за хуманитарни цели, соопштуваат од општината.
,,И оваа година има огромен интерес за учество, но и за посета на манифестацијата. За учество учествуваат мајстори кои што изработуваат зелници и тестени производи, карактеристични за подрачето од каде доаѓаат. Од Охрид, Радовиш, Босилеград, Крица Паланка, Делчево, Каменица, Виница, Делчево, Гевгелија, Благоевград. Ќе има преку 200 , 250 онудени зелници да се купат, вообичаено на лице место ќе има демострација како се изработува овој специјалитет и како се пече под вршник. Ќе настапат КУД, пеачки групи, нашите драги гостинки од македонската естрада Блага Петревска, Смилја Митревска и Кате нели ти реков.“, вели Илиевски
Стартот на манифестацијата е закажан за во 11 часот, а гости ќе има од сите краеви на државата, како и од странство.
Инаку, манифестациајта оваа година се организира по 12 пат, а истата неколку пати не се спроведе поради ковид пандемијата и минатата година поради трагедијата во Кочани.
Иван Митев, М-Нет