Со презентација на опрема и технички средства, одбележан 7 мај – Денот на полицијата на Градскиот плоштад во Штип

Со презентација на опрема и материјално-технички средства со кои располага СВР Штип, како и преку директна комуникација со граѓаните, споделување превентивни совети и едукативни кампањи за подигнување на безбедносната култура, денеска на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип беше одбележан 7 Мај – Денот на полицијата.

Во рамки на настанот беа презентирани дел од активностите и работата на полициските службеници, како и опремата што се користи во секојдневното извршување на задачите. Граѓаните имаа можност да се информираат за превентивните активности и кампањи кои се спроведуваат со цел зголемување на безбедноста во заедницата.

Настанот беше организиран со цел доближување на полицијата до граѓаните, како и унапредување на соработката и меѓусебната комуникација. Со пригодни активности беше одбележано значењето на полициската професија и улогата на полицијата во заштитата на јавниот ред, мир и безбедност. На одбележувањето присуствуваа граѓани, претставници на институции и гости.

Со овој настан во Штип беше одбележан 7 Мај – Денот на полицијата.

Иван Митев, М-Нет