
Утре во Дом на млади во Штип со почеток од 19 часот ќе се одржи спортската манифестација „Избор на млад спортист од Источниот регион за 2024 година“ во организација на М Нет телевизија.
Ова ќе биде второ издание од оваа спортска манифестација, откако минатата година овој избор беше локален, а сега стана регионален, односно на ниво на Источниот регион во кој се опфатени 13 општини, односно Штип, Конче, Радовиш, Зрновци, Карбинци, Кочани, Чешиново – Облешево, Пробиштип, Виница, Делчево, Пехчево, Берово и Македонска Каменица.
Пристигнаа повеќе од 80 кандидатури на спортисти од Истокот, конкуренцијата беше голема, спортистите за изминатата година забележале големи резултати, а на утрешната манифестација ќе биде прогласени најдобрите кои беа рангирани според бодување на нивните резултати. Многу златни медали на нашите спортисти, учества на Светски и Европски првенства, големи резултати на Балканските првенства, на Државните првенства и државниот Куп на Македонија.
Ќе бидат доделени плакети и парични награди за најдобрите, како и признанија. Паричните награди ги обезбеди рудникот Бучин и Боров Дол.
Дополнително, на спортската манифестација ќе бидат доделени и две специјални признанија.
Настанот ќе можете да го следите и во живо преку директен пренос на М Нет телевизија со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет