Со марш по улиците во Штип, во розови маици, се одбележа Денот против врсничкото насилство

По повод денот на розевата маица, односно денот кога се крева гласот против врсничкото насилство, средношкоците од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип маршираа по штипските улици. Во розови маички маршираа до Основното училиште Ванчо Прќе, а во активностите се вклучија и основците. Целта е да се намали врскничкото насилство односно булингот во училиштата, а за тоа се прават разни настани и активности.

„Денеска во нашето училиште се организира еден настан по повод денот на розеватаа маица или ден кога се подига гласот против училишното насилство. По тој повод нашата ученичка заедница организиравме настан, изработивме хамери и заедно со училиштето „Ванчо Прќе“ ќе направиме еден марш низ улиците.“ – вели Манова.

Ова стана меѓународен ден за борба против врсничкото насилство откако ученикот во 9-то одделение во Канада, доживеал насилство во училиштето затоа што носел розова маица.

Последната среда во месец февруари е меѓународен ден на борбата против врсничкото насилство.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет