УО на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на ФФМ

На вчерашната седница на Управниот одбор на фудбалската федерација на Македонија, беше донесе одлука со цел започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија.

„Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови, фудбалери, тренери…итн.)“

Дополнително, Управниот одбор на ФФМ го освои дневниот ред за Редовното изборно Генерално собрание на ФФМ кое ќе се одржи на 15. март во Скопје.

Исто така, на вчерашната седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на системот на натпреварување во сите категории, се вели во одлуката.

Александар Ванев, М-Нет