
Утре во Штип со почеток од 12 часот ќе се одржи спортскиот настан „Шампионски круг“ кој се одржува по повод успешно завршената сезона на мотоциклистот Петар Мијалков од Штип, кој е државен шампион на Македонија и вицешампион во БМУ Европскиот шампионат.
Настанот ќе се одржи на новото шеталиште во Штип каде ќе биде моторот на Мијалков со кој се трка на БМУ Европскиот шампионат, целиот бокс кој се поставува на секоја трка, медали и пехари, а потоа Мијалков со неговите колеги ќе вози околу кејот на река Отиња.
Мијалков кој гостуваше во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија испиша голем успех, минатата сезона беше на шесттото место, а оваа сезона заврши на високото второ место во БМУ Европскиот шампионат.
Александар Ванев, М-Нет