Дерби од дното на Топ Гол и Речица, лидерот Тиверија Брера како голем фаворит против Атлетико!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет | АРХИВА

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 10. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипите на Љуботен.

Тиверија Брера како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со повратникот Атлетико од Битола, во меч кој се игра во Струмица со почеток од 14 часот. Правдата на истиот ќе ја дели Методија Костов.

Од 13 часот во Струга ќе се соочат Ас Јунајтед против Скопје во неизвесен меч каде домашниот тим силно посакува победа и три бодови. За правдата ќе биде задолжена Волјца Изеири.

Истатов на домашен терен ќе го пречека фаворитот Каменица Саса во обид домаќиот да дојде до четврта победа против „рударките“, кои пак сакаат деветто славје. Натпреварот ќе започне во 12 часот, а правдата ќе ја дели Драган Ставановски.

Во Битола ќе се соочат екипите на Топ Гол и Речица дерби од дното на табелата каде и двете екипи ја бараат втората сезонска радост. Триумф за Топ Гол ќе значи можност за прогрес од едно место ако Ас Јунајтед загуби, а пак Речица доколку триумфира ќе биде над Топ Гол. Натперварот стартува во 14:30 часот, а за правдата ќе биде задолжена Ирена Велевачковска.

Александар Ванев, М-Нет