Утревечер од 19 часот фолк фестивал „Свети Никола“ организира Градскиот хор Штип, посебни гости Драган и Лина Костадинови

Фолк фестивал „Свети Никола“ организира Градскиот хор Штип по повод празникот на градот. Утревечер со почеток од 19 часот, во Економскиот фалкултет при УГД ќе се реализира фестивалот. На истиот ќе има учесници од повеќе градови од државата како и од соседна Бугарија. Посебни гости пак ќе бидат Драган и Лина Костадинови.

„По повод празникот Свети Никола, градскиот хор од Штип организира фолк фестивал насловен како Свети Никола. Фестивалот ќе се одржи утре на 20 декември со почеток од 19 часот во просториите на Економски факултет. Ќе има учесници од Прилеп, Крива Паланка, Пехчево, Гевгелија, како и од соседна Бугарија. Како посебни гости ќе бидат Драган и Лина Костадинови“ – вели Лазаревски.

Лазаревски упати покана до сите љубители на народната музика да присуствуваат на фестивалоот, да поминат квалитетно време и да слушнат традиционални и добри мелодии.

„Ги повикуваме сите љубители на народната музика да присуствуваат на овој настан. Да напоменам дека влезот е слободен“ – вели Лазаревски.

Целта на фестивалот е да се презентира добрата музика, граѓаните да имаат можност да уживаат, а воедно да се прослави и патронот на градот Свети Никола.

Инаку градскиот хор Штип, досега има настапувано речиис во сите граадови во државата каде што има освоено и голем број награди. Освен во државата награди имаат и од останати држави во кои имаат учествувамо како Турција, Шпанија, Бугарија, Полска и слично.

Лаура Стојанова М-Нет