Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот со повикани ракометари за Светското првенство

ФОТО: РФМ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазров, го објави списокот со повикани ракометари за подготовки и настап на Светското првенство 2025 година, кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Повикани голмани се Никола Митревски, Марко Кизиќ и Иван Галевски, леви крила се Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, десни крила Никола Костески и Александар Петковски. Повикани десни бекови се Мартин Серафимов, Мартин Велковски и Томислав Јагуриноски, а пак повискни леви бекови се Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ.

Средни бекови се Марко Митев и Игор Ѓоргиев, а пак пикери се Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис, а дефанзивци се Никола Маркоски и Михајло Младеновиќ.

Како резерви повикани е голманот Мартин Тимовски, лево крило Цветан Кузманоски, десно крило Никола Костески, пикер Самоил Ристески, лев бек е Емилијан Ѓорговски, денес бек Филип Николов, среден бек Марио Танковски, а дефанзивец Миахил Аларов.

Собирот е закажан за 22. декември во 07:30 часот.

Македонија ево групата Д со селекциите на Гвинеја, Холандија и Унгарија, сите натпревари ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Првиот меч Македонија го игра на 15. јануари против Унгарија во 20:30 часот, на 17. јануари Македонија игра против Холандија во 18:00 часот, а пак на 19. јануари Македонија игра против Гвинеја од 20:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет