Успешна спортска 2023 година за телевизија М Нет, првото видео со 1 милион прегледи

Успешна 2023 година за телевизија М Нет на спортски план. Година исполнета со многу спортски настани од цела Македонија, телевизија М Нет веќе неколку сезони ги има телевизиските права за пренос на натпревари во живо од Втора и Трета македонска фудбалска лига.

За првпат гледачите имаат можност на телевизија да следат натпревари од Втора и Трета македонска фудбалска лига, а дека сме успешни говори фактот што преносите имаат голема гледаност и покрај во Македонија се следат организирано и од страна на дијаспората во западна Европа. Нашите прилози имаат голема гледаност, а текстови голема читаност.

Екипите на телевизија М Нет известуваа речиси од сите стадиони во Македонија, нашите екипи можевте да ги видете во Штип, Охрид, Радовиш, Куманово, Скопје, Гевгелија, Неготино, Кочани, Македонска Каменица, Битола, Прилеп, речиси и да немаше град каде што не бевме во овие 365 година, на телевизија М Нет можевте да следите во живо преку директни преноси големи фудбалски имиња како Пелистер, Вардар, Тетекс, Башкими… а можевте да следите преноси и од фудбалскиот Куп на Македонија.

Дека телевизија М Нет имаше успешна година во областа на спортот говори фактот што го добивме најгледаното сопствено видео со над еден милион прегледи. Продолжува успешната соработка со Фудбалската федерација на Македонија, а екипата на телевизија М Нет патуваше и беше дел од гостувањата на репрезентација на Македонија и ексклузивно известуваше од натпреварите за квалификациите за Европското првенство.

Покрај коментатор на македонски јазик, телевизија М Нет воведе и коментатор на албански јазик, а ние како спортска редакција покрај за Првата, Втората и Третата фудбалска лига известувавме и за Четвртата лига односно Општинските лиги, известувавме ексклузивно и за Прва и Втора футсал лига за Прва и Втора женска фудбалска лига, ги опфативме и останатите спортови како македонскиот ракомет и кошарката, дадовме поддршка на ватерполото и го поддржуваме, а известувавме и за многу турнири во мал фудбал.

Започнавме со два директни спортски преноси, а по три на дневно ниво, со што гледачите на телевизија М Нет добиваат богата спортска понуда. Дополнително известувавме од сите стадиони и спортски сали со ексклузивни изјави, разговори, анализи и статистики со што вие почитувани гледачи добивте ексклузивна спортска понуда од домашниот спорт.

Нашата цел останува и во 2024 година да бидеме посветени на македонскиот спорт, да ги поддржуваме младите спортисти на патот кон градењето на нивните кариера, да им дадеме медиумски простор и на нисколигашите, а за 2024 година ќе воведеме и нови спортски содржини. Бидете и со нас во 2024 година и заедно да се радуваме на нови спортски успеси.

Почитувани гледачи, почитувани читатели Ви благодариме што бевте со нас во 2023 година и ни дававте поддршка, бевте со нас во изминатите 365 дена. Спортската редакција на телевизија М Нет ви посакувам вам почитувани многу здравје, љубов, мир, успеси, радости и убави моменти со вашите најблиски.

Среќа нова 2024 година!

Александар Ванев М-Нет