Оризопроизводителите со низа проблеми, производството на работ на опстанок

Со низа проблеми се соочуваат оризопроизводителите од Општина Чешиново-Облешево, кои велат дека неизвесноста за иднината на оваа земјоделска гранка станува се поголема. Проблеми со наводнувањето, недостигот на заштитни средства и ниската откупна цена, според нив, го доведуваат во прашање опстанокот на оризот. Производителите алармираат дека трошоците се повисоки од приходите, а се повеќе млади се откажуваат од земјоделството и заминуваат

„Бидејќи мојте услови на оризот се од 15 април до 5-6 мај. На 10 ни ја пуштија водата, што значи ние пак сеавме до 3 јуни, значи тоа е неодговорност на неко фактори во државата. Ништо не можеме да направеме, тоа што е тргнато е тргнато, тук ние имаме уште поголеми проблеми. Имаме проблеми со пестицидите, пестициди во ниту една аптека нема. 30 до 35 денари ни е сега производна цена а се купува и некупува по цена од 18 денари. Многу култури се откажаа, оризот ќе исчезне, луѓето исчезнаа, младите бегаат и пестициди немаме“- Здравко Арсов, Облешево

На прашањето уште колку долго ќе продолжи да се бори за оризот, Здравко од Облешево вели дека неизвесноста и неисплатливоста го доведуваат до момент кога не гледа иднина во ова производство. Тој предупредува дека проблемот не е само кај оризот, туку во целото земјоделство, каде, како што вели, производителите вложуваат цела година, а на крај остануваат без доволно средства и за најосновните животни потреби.

„Нема веќе воопшто, вака како што ни прават. Затоа што не е сиплатлив. Ама не е само оризот, овде е и пченицата, пченката, општо целото земјоделие е во тотален хаос. Ние станавме испод секоја социјала. Ние цела година инвестираме а за доручеко, ручек, вечера нема пари, ние сме во таква ситуација оставени. Ситуацијата е алармантна, да плаче човек.“

Здравко од Облешево вели дека земјоделците вложуваат цела година, а на крај остануваат без доволно средства за живот, поради што многумина се откажуваат од земјоделството.

Дајана Сандева, М-Нет