
Второлигашот Кожуф го промовираше Дејвид Митревски како најново засилување за пролетната полусезона, а во Гевгелија 19-годишното крило доаѓа од редовите на Детонит Плачковица од Радовиш.
Во својата кариера Митревски покрај за Детонит Плачковицаи има настапувано и за Македонија ЃП и за екипата на Словачко од Чешка. Тој ќе ја засили крилната позиција и веќе по паузата ќе му биде на располагање на тренерот Трајче Сенев.
Кожуф кој имаше солидна есенска полусезона е во заврши преговори со уште четири засилувања, а истите во следниот период ќе биде промовирани во дресот на Кожуф, а ростерот ќе биде комплетиран до 12. февруари.
Дополнително, Кожуф ќе ослободи два до три играчи, а за истите официјално ќе биде потврдено во следните денови.
Александар Ванев М-Нет