Улицата „Гоце Делчев“ во Кочани ќе почека за реконструкција, но уште колку не се знае

По недела дена откако граѓаните во Кочани реагираа за улицата Гоце Делчев, и по недела дена молк од страна на општината, пристигна одговор и од првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Имено, улицата која веќе подолго време е со дупки и кал, не е ставена во прогрмата за 2022 година со која би се предвидувало нејзино реконструирање. Папазов истакна дека општината сега откако пристигнаа реакциите од странана граѓаните ќе поднесе барање до државните институции, за оваа улица да се најде барем на списокот улици за кои е потребна реконструкција.

„Реконструкцијата на улицата Гоце Делчев ќе биде влезена во комплексот на барања кој ќе го упатиме од страна на Општина Кочани кон државните институции, кон соодветните фондови, кон фондот за рамномерен регионален развој, кон Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Меѓудругото оваа улица е влезена во концептот на решавање на улиците во програмата за изградба на патишта во Кочани“ – кажа Папазов.

Истовремено, граѓаните реагираа и за работата на КЈП Водовод Кочани. Имено, истакнаа дека при дефект на цевка екипи од претпријатието работеле, но улицата не била повторно бетонирана, со што останало само вода и кал. Пред недела дена директорот на претпријатието, Иван Иванов истакна дека веднаш ќе излезат на терен и ќе реагираат. Денеска посочи дека е излезено на терен, меѓутоа констатирано е дека тоа не е во нивна надлежност, односно нивната работа таму е завршена.

Улицата Гоце Делчев во Кочани, кај Џамијата во вакави состојба е повеќе години, граѓаните истакнаа освен фотографии и ветувања, на виделина решенија нема.

Лаура Стојанова М-Нет