На нефер и не линеарен распоред на можноста за користење на стипендии реагираат штипските студенти. Ова уследи по објавата на Централно европсклата програма за размена во областа на универзитетските студии CEEPUS и конкурсот за стипендии за студиски престој во земјите членки кои неодамна ја презентираа распределбата на можни корисници на стипендии.
Апликантите преку мејл до М-нет реагираат на неправилната распределба по однос на бројот и застапеноста на факултетите од различни катедри помегу источниот и западниот дел на државата. Имено преку допис студенти на штипскиот уневерзитет Гоце Делчев, од факултетот за медицински науки со жалење констатираат дека не се опфатени со оваа програма што не е случај со нивните колеги од Државниот Уневерзитет во Тетово. Програмата која има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар, соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи ги дискриминира заинтересираните академски граѓани и можни апликанти од штипскиот Универзитет. Ова тврдење го поткрепуваат со презентирање на објавениот конкурс на кој имаат право само да конкурираат едимствено студенти од Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев. Наспроти штипскиот Универзитет кој со Централно европската програма за размена во областа на универзитетски студии е опфатен само со еден факултет ,тетовскиот Државен Универзитет има привилегија да им понуди користење на стипендии на студенти на дури 8 факултети меѓу кои и факултетот за медицински науки. Со сличен став се и заинтересираните студенти и на Мегународниот Славјански Уневерзитет Г.Р.Державин каде исто така правото на користење на стипендии од ваков вид наместо на 9 факултети им е дозволено на само еден и тоа на факултетот за Безбедно инжињерство. Инаку Република Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу нашите уневерзитети и универзитетите на вкупно 21 земји од регионов имаат можност, како високообразовни институции да партиципираат како партнери во вкупно 45 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Северна Македонија. Ова е само декларативна можност за штипските студенти од 12 факултети кои се прашуваат според кои критериуми е направена оваа распределба на стипендии кога и на штипскиот и на тетовскиот Државен Универзитет има сличен број на студенти и катедри. Дали смислата на постоењето на CEEPUS е рамномерност, мотивација и подршка за сите региони во државата се прашуваат економски понемоќните ,но талентирани студентиу кои смислата за градење на академска кариера ја гледаат токму во постоењето на вакви програми кои би им ја пружиле неопходната матерјална помош.