Денес во 15:45 на регионалниот пат Штип – Карбинци кај местот Нов Караорман се случи тешка сообраќајна несреќа. Патничко моторно возило Рено Меган со скопски регистарски таблички кое се движело со 140 км на час, навлегло во спротивната коловозна лента, удира во друго возило кое се движело во спротивната коловозна лента и се испревртило излетувајќи од патот 50 метри. Во возилото имало тројца патници на возраст од 23 до 29 години, со истото управувало женско лице на возраст од 25 години. Сите патници се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Клиничка болница Штип.

Повредените од возилото со кршење на задната врата успеале да ги извлечат неколку жители од Нов Караорман. Според изјавата на очевидците во возилото имало алкохол и марихуана за лична употреба. На местото на настанот изврши увид полицијата и истражен судија.
