Убедливи победи за Ренова и Велазерими, Вардар од Брвеница ја декласираше Јехона

Денес беа одиграни натпреварите од 7. коло од Општинската фудбалска лига во Тетово односно Четврта лига.

Најголема победа во оваа рунда забележа екипата на Вардар 2022 од Брвеница во меч каде со високи 7:1 го декласираше составот на Јехона. „Фенерџијата“ Или впиша нов пораз откако на домашен терен со 2:4 загуби од Пирок и останува на дното без бодови.

Руфеја и Беса од Челопек одиграа ефикасно реми (3:3) од аспект на голови со што ги поделија бодовите. Екипата на ЕС на свој терен во Камењане со минимални 1:0 го доби составот на Шарри за четврта сезонска победа. Интересот за овој натпревар беше голем бидејќи истиот го следеа околу 250 гледачи. Децата од академијата на ЕС беа организирани за овој натпревар со убава кореографија.

Лидерот Велазерими со високи и убедливи 5:1 го декласираше составот на Скендербеу, а некогашниот прволигаш Ренова на гостински терен со 2:5 го доби тимот на Мергимтари.

Лидер на табелата е Велазерими со 16 бодови, по 13 бодови на делба на второто место се Доброшти, Вардар 2022 и Ес. Шарри е на 5. место со 11 бодови, а по 11 бода имаат и Пирок и Руфеја. Ренова со 10 бодови е осма, Беса од Челопек има осум бодови, Скендербеу е на 10. место со шест бодови, Јехона е место подолу со 4 бода, на претпоследното 12. место е Мергимтари со 3 бодови, а на дното без бодови е екипата на Или.