Осветен и целосно реновиран манастирот Пресвета Богодородица – Добра Вода кај кочанско Оризари

Манастирот посветен на Пресвета Богодродица кај местото викано Добра Вода кај кочанско Оризари е целосно реновиран и доби нов изглед од кровот до иконостасот. Истовремено беше осветен манасатирот па како втора слава овде после Петок Балакалија, ќе биде првата недела од месец ноември.

„Нека е честита и благословена оваа радост духовна, еве го осветивме овој храм и си ја доби својата канонска и вистинска богослужбена целина.Се подигна храм божји посветен на мајката божја“ – вели Иларион.

Домаќинот Стефан Смилков задоволен што по подолго време манастирот е осветен и целосно реновиран.

„ Манастирот од кровот до иконостас се е ново, а сега е осветен манастирот на Добра Вода. Овоа е свето и убаво место и ги влече граѓаните постојано да доаѓаат овде. “ – додаде Смилков.

Големиот број верници кои беа дел од осветувањето на манастирот сведочат зошто го посетуваат ова место. Светата водичка, чистиот планински воздух и недопрената природа се само дел од причините поради кои секоја година бројот на верници се зголемува.

„Духовноста носи резултати, прво психолошки се растеретеш, второ изворчето кај чешмичката е сосем друга водичка и таа е таа света водичка. Се верува дека оваа водичка е добра за очи.“ – велат верниците.

На верниците се служеше манастирски ручек. Настанот беше збогатен со културно уметнички точки.

Инаку, на манастирот Добра вода кај Оризари освен на празникот Источен петок Балаклија слава има и на втор ден Божиќ кога и на тој ден се собираат голем број верници, а еднаш во годината се прави и годишно собрание на овој манастир кога се прават планови за понатамошните активности во манастирскиот комплекс.

Лаура Стојанова М-Нет