Куманово во финишот го цел „плен“, Шкендија Арачиново и Фортуна убедливи

Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа ексклузивна можност да уживаа во нов директен пренос од Трета лига – Север, откако денес во рамки на 9. коло го следеа во живо соочување на Шкендија Арачиново и Башкими Љуботен во натпревар каде домашниот тим со 3:0 беше убедлив.

Во фер и коректен натпревар со добра контрола на играта од страна на домаќинот победата беше решена уште во првиот дел кога Шкендија имаше 2:0 на паузата со головите на Севим Аљии кој погоди во 10. минута за отварање на резултатот, а во 33. минута Елмир Алији погоди за 2:0.

Во финишот на вториот дел Јасир Беќири беше стрелец на третиот гол за Шкендија Арачиново и со тоа ги постави конечните 3:0.

Куманово во 95. минута стигна до победа над Риниа во меч каде беа постигнати пет гол за конечни 3:2.

Во првиот дел мрежите мируваа и борбата за трите бодови продолжи во второто полувреме. Орхан Мифтар во 53. минута ја донесе Риниа во водство, а по седум минути Христијан Димов израмни на 1:1. Веќе во 66. минута Иван Мицевски постигна гол за пресврт и водство на домашниот тим.

„Ладниот туш“ за домашните навивачи следуваше во 86. минута кога Бесир Јусуфи погоди за 2:2, а во 95. минута Куманово доби пенал кој успешно го реализираше Димов за конечни 3:2 и голема победа на лидерот Куманово.

Бутел со убедливи 9:2 ја декласираше ССК Нова која и понатаму останува закована на дното без бодови. Повеќе од јасна беше победата за домашниот тим, а фаворитската улога беше оправдана со убедлива победа. Михаил Цветковски беше стрелец на шест гола, Саше Стоилевски беше двоен стрелец, а Стевковски погоди во 76. минута. За гостинот Иван Ѓорѓиевски погоди во 27. минута, а Сурлов си постигна автогол за конечни 9:2.

Петровец на домашен терен со 1:4 загуби од екипата на Фортуна која со убедлива победа ја оправда фаворитската улога. Домашниот тим со голот на Халил Калач во 9. минута дојде до водство од 1:0, а до крајот на првиот дел Фортуна дојде до 1:3 со двата гола на Авдулаи и едниот гол на Шаип. Во вториот дел со втор гол Шаип ги постави конечните 1:4.

Аеродром на домашен терен загуби со 0:2 од ланскиот второлигаш Пехчево, откако гостинот до победата стигна со двата гола на Јусуф Јакуповски.

Еуромилк ГЛ на домашен терен со 3:0 славеше над Кадино во меч каде трите гола беа постигнати во второто полувреме. Тасески во 57. минута постигна гол за 1:0, а Јаневски и Исмаиловски во финишот ги поставија конечните 3:0.

Како што објави телевизија М Нет, вчера БВК Коњаре со 2:0 ја доби екипата на Беса Влазрими.