Уапсено момче од Штип поради агресивно однесување кон полициски службеници

На 18.10.2020 во 04.30 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Ф.(18) од Штип, затоа што при преземање на службени дејствија околу 04.00 часот во населбата „Железничка“ во Штип, тој се однеувал агресивно и ги попречувал во извршување на службените дејствија. По комплетирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.