Уапсени две млади лица во Кочани поради тешка кражба

На 18.10.2020 во 17.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода М.К.(23) и Д.А.(19), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривично дело „тешка кражба“. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.