Пронајдена прашкаста материја кај осуденци во Казнено поправниот дом Штип

На 18.10.2020 во 08.22 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во затворска соба кај осудените лица О.Б. и Е.М. била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото и одземената прашкаста материја е предадена за вештачење. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.