Бојан Миовски го постигна првиот гол во 7 коло на Унгарскиот шампионат

Новопечениот младински репрезентативец на Македонија У – 21, Бојан Миовски успешно ја продолжува снајперската серија во Унгарскиот шампионат.

Во натпревар од 7 коло младиот штипјанец прв од целата лига ја начна мрежата на тимот на Пушкаш Академија, рано постигнувајќи гол уште во 4 минута за негова голема радост која траеше и по завршувањето на натпреварот за убедлива гостинска победа изразена со резултат 3:0.

Ова е вкупно четврти гол за Бојан Миовски во Унгарија, од кои два ги постигна во Куп – натпревар а еве го постигна и вториот првенствен гол. Добрите негови игри придонесоа селекторот на У-21 селекцијата на Македонија Благоја Милевски да го повика а веќе ги имаше и првите два настапи за македонската селекција. Спортската редакција на Mnet му посакува и понатамношни успешни настапи и постигнување на нови голови.

ДРаги Герасимов – Пушка Mnet.mk