
На 01.09.2020 во 22.30 часот во с. Панчарево, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Делчево, поради постоење основи на сомнение дека вршеле незаконит лов, од слобода ги лишиле М.Д. (26) и Т.И. (38), двајцата од с. Панчарево, делчевско. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.