
Наместо денес, првосептемвриската традиција за првиот училишен звон за прв пат ќе биде променета. За 4460 ученици од основно и 5200 средношколци од Штип токму први Октомври ќе биде денот кога од 07 до 20 часот по групи од 20 ученици во училница со физичко и онлајн настава ќе биде следена наставната содржина предвидена за учебната 2020-2021 година.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека препорака на здравствените власти е да има физички присутни деца од првите три одделенија.
Тој истакна дека :
„Ако епидемиолошката состојба остане стабилна, ќе дозволиме постепено враќање со физичко присуство и на други одделенија. Целта е децата да имаат комбинирана настава, но сето тоа постепено да се воведува“.
Со тоа се согласни и раководните кадри на сите основни и средни училишта во Штип, кои посветено ги следат и прецизно ги имплементираат сите препораки.
Изјава на Горан Кавраков директор на ому „Сергеј Михајлов“ од 2.21 започнува со Ги имаме сите услови да почнеме а завршува со 2.53 никакви проблеми.
Како што објави Владата денеска, моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци. Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана онлајн настава.
Таков е случајот со ООУ„Страшо Пинџур“ Карбинци, Славејко Арсов каде поради малиот број на ученици се исполнети сите услови за одржување на настава со физичко присувство. Овие училиштае само едно од 340 училишта во РСМакедонија кои поради одлив на ученици или намален прираст имаат мал број на ученици во одделение и ги исполнуваат условите за физичко присувство. Останатите 35 основни и средни училишта мораат да ги делат учениците во смени и да се поставуваат дежурни наставници кои дословно ке ги спроведуваат протоколите.
Изјава на Кавраков од .5.8 протокочиоте важат што следува е последниот збор.
Штипските советници задолжени за секторот образование денес изјавија дека во сите 13 основни и средни училипшта во Штип се исполнети сите услови за почитување на протоколите кои мегудругото и опфакаат, ако во училиштето се појави заболен од ковид-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од ковид-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија која секои училиште во Штип и Карбинци ја имаат веќе поставено.