Тутунарите од карбинско Радање со слаби очекувања за берба оваа година, имаат штети

Низа штети и кај тутунот, променливите температури причина за болести на расадот. Земјоделците од карбинско Радање, велат оваа година не очекуваат добра берба на тутунот. Истакнуваат дека ситуацијата се гледа уште сега, па остануваат со ставот дека ги чека тешка година.

Тутунарите се снаоѓаат како знаат и умеат. Она што останало не оштетено, моментално го плеват и подготвуваат за во нива.

Во согласност со ситуацијата, штети од ниските температури оваа година има и кај овоштарниците, особено во Лакавица и Балван, каде се уште се проценува самта штета.

Иван Митев, М-Нет